Приведен крадец, расчистени пет кривични дела

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27 години) од Куманово. Тој се сомничи дека изминатиот месец извршил пет кражби од приватни имоти. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)