Приведен криумчар на мигранти од Албанија

Криумчар на мигранти од Албанија вчера бил приведен во кумановско. Според пријавата вчера околу 21 и 30 часот, во близина на бензиска пумпа и мотел на автопатот кој води од Табановце кон Скопје од полициски службеници бил лишен од слобода Б.Е.(35 години ) од Албанија, кој управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На исклучок на земјен пат кој води кон напуштени објекти кон село Речица, од полициски службеници било забележано дека возилото запрело и од него излегле неколку лица мигранти кои се упатиле кон Табановска Река.

По извршено пребарување на теренот, околу 23.30 часот пронајдени се 8 лица мигранти, од кои 5 од Пакистан, 2 лица од Мали и 1 лице од Сомалија.

Б.Е. е приведен во полициска станица во СВР Куманово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти се пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)