Приведен кумановец, откриени мигранти во возилото

Педесет и едногодишен кумановец бил приведен од полицијата во Виница, откако при истовар во неговото возило биле откриени двајца мигранти од Сирија. Полициски службеници од Виница го лишиле од слобода Џ.С.(51 година) од село Романовце, кумановско. При истовар на товарно возило и полуприколка со кумановски регистарски ознаки во фабрика во Виница биле пронајдени две лица мигранти, двајцата од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, а мигрантите биле пренесени во Прифатнуиот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Коментари

коментар(и)