20 -годишен кумановец вчера бил приведен откако е затекнат при извршување кражба во двор на семејниот дом на 84-годишен жител на Куманово во месноста „Стари лозја“. Одземените предмети, како што информираат надлежните биле вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.
Приведен кумановец при извршување кражба во двор од семеен дом на 84-годишен жител на Куманово
