Приведен кумановец, пронајдени украдени предмети и вратени на сопственикот

Полициски службеници од СВР Куманово утрово го лишиле од слобода Е.И.(35 години) од Куманово. Тој се сомничи дека утрово влегол во приватен имот на улица „Моша Пијаде“ и одзел повеќе предмети. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)