Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“донација од Турција, информираше на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.