Пристигнаа 50.000 дози Фајзер од Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утринава на својот профил на Твитер објави дека во земјава веќе од вчера се пристигнати вакцините кои Бугарија и ги донираше на Македонија -Примивме донација од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија. Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша шефот на дипломатијата, Османи.Рокот на овие вакцини истекува на крајот на септември, па пратката се очекуваше да пристигне пред неколку дена.

Коментари

коментар(и)