Пристигна донација од 100.000 вакцини на „Астра Зенека“ од Грција

Во државата денеска пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот „Астра Зенека“ од Грција.

Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на „Фејсбук“.

Вакцините веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно стратегијата за вакцинација.

Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат, напиша Филипче.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)