Притворени жители на Слупчане, осомничени за кражба

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ги лишиле од слобода А.С.(18 години ) и Н.М.(19 години) двајцата од село Слупчане, липковско. Тие се сомничат дека на 28-ми минатиот месец со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети. А.С. и Н.М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, информираат од полицијата.

Коментари

коментар(и)