Продолжува реконструкцијата на гимназијата

Активно се работи на реконструкција на училишната зграда во СОУ гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово. Се поставува нова енергетско ефикасна фасада,  се врши замена на покривната површина и поставување на нова изолација, во училишната спортска сала се поставува нова гумирана подлога, а следува и обнова на ѕидни површини и спортските реквизити.

-Се врши молерисување и поставување на ново ЛЕД осветлување во училниците, извршена е замена на старите прозорци во училниците, училишните ходници и административни простории со нови прозорци со термопан стакла-напиша на Фејсбук, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

И покрај зафатот непречено се изведува наставата во училишниот објект кој е изграден во средината на 40-тите години од минатиот век.

Коментари

коментар(и)