Јавното претпријатие Водовод – Куманово, во соработка со Општина Куманово реализираше неколку стратешки проекти за подобрување на квалитетот и квантитетот на водоснабдувањето на граѓаните на Куманово.
Со проектот Пумпна станица се подобрува квалитетот на работата на целата фабрика за производство на вода, а, пред сѐ, е значаен за непречено функционирање на нова современа баждарница за водомери која е поставена во реконструирани постоечки простории на старата фабрика за преработка на вода. Со ова решение се обезбедува континуирано водоснабдување со потребен притисок на целата фабрика за преработка на вода како и на новата баждарница за водомери со што се очекува намалување на загубите на вода од 3% до 5%, напиша на фејсбук градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Со набавка на хлорна постројка, во целосно реновирани простории, инсталирана е најсовремена опрема за автоматизирање на процесот на хлорирање со што обезбедивме пософистициран, мониториран и побезбеден процес на обработка на сировата вода. Старата опрема е заменета по 40 годишна експлоатација.