Работилница за Психо-социјална поддршка при кризни состојби

Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Дивна Јанкова- обучен тренер за Прва психолошка помош и Психо – социјална поддршка во рамки на проектот Конекс Балкан, спроведе работилница на тема Справување со стрес.

Истата се одржа во просториите на Црвен крст во Куманово каде учествуваа 17 лица кои во моментот ја посетуваат обуката за асистенти на лица со попреченост. Учесниците за време на работилницата слушнаа за најчестите реакции на стрес, кои се најчестите механизми за справување со стрес и стресни состојби, согорување на последиците од стрес, кои се позитивните елементи на стрес, препознавање и справување како и вежби за релаксација.

Коментари

коментар(и)