За само три дена, за дел од претставите кои ќе бидат прикажани на 27-то издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ билетите веќе се распродадени. Вообичаено, секоја година најголем интерес има за претставите на Театар Куманово и театрите од Србија.
Поради големиот интерес, последните години ограничено е купувањето на по два билета, по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Фестивалот започнува утревечер, 24 септември со претставата на велешкиот театар „Вечера за глупаци“, а на свеченото отворање ќе се додели наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за особен придонес во областа на комедиографијата.
Подетално за претстојниот фестивал од изјавата на Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во вестите во 18 и 22 часот.