Со работилници за основци и едукативна игра за учениците од шесто и седмо одделение, Музеј Куманово денеска го започна одбележувањето на „Европските денови на културното наследство“, кое преку повеќе активности ќе трае до 29 септември.
Утре во средното училиште „Киро Бурназ“ ќе се одржи промоција на три етнолошки филма, „Мека душа за тврдо железо“, „Таму негде горе во планината“ и „Голубарот“, информираат надлежните.
Целта на одбележувањето на „Европските денови на културно наследство“ преку повеќе активност е подигнување на свеста на пошироката јавност за значењето на културното наследство, неговата вредност и заштита.
На републичко ниво на одбележувањето на неделата се приклучува и министерството за култура, како и националните и локалните институции од повеќе градови од државата.