Расчистено насилството, насилниците лишени од слобода

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода  девет лица на возраст од 18 до 23 години, сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово. Тие се сомничат дека завчера на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20 година) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал  сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи. СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за инцидентот.

Коментари

коментар(и)