Реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Киро Фетак“

На ул. „Киро Фетак“ во Куманово започна реконструкцијата на водоводната мрежа. „Кооп Инженеринг“ е компанијата која ги спроведува градежните активности на терен, а истата беше избрана на тендер објавен од Општината. Инвестицијата, согласно склучениот договор, Општината ја чини 2.860.643 денари со вклучен ДДВ, а проценетата вредност на набавката беше над 3,5 милиони денари.

Реконструкцијата е во должина од 500 метри и предвидено е да има 150 приклучоци, очекувањата се дека ќе заврши до крајот на мај годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)