РЦУК: Во понеделник повеќе локации без струја

Прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени за повеќе локации во Куманово и Старо Нагоричане во понеделник.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 09:00 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Старо Нагоричане, поточно локациите: Ендокана, Еврос Комерц и Беле Грамаде.

Прекини во понеделник ќе има и во делови од општина Куманово.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“.

Во периодот од 07:55 до 14:30 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од селото Романовце, поточно локациите: наплатна рампа Романовце, Бензинска кај наплатна рампа, Имери Млин и базна станица на А1. Прекини во овој период ќе има и во Агино село и Брзак.

Без струја во периодот од 08:00 до 14:00 часот ќе бидат и жителите од селото Горно Којнаре, поточно од улиците „Никола Тесла“, „1“, „2“, „3“ и „4“, „Златен клас“, како и селото Четирце.

Од  08:00 до 14:30 часот без снабдување со електрична енергија ќе биде селото Орашац, асфалтна база Шупљи Камен, сепарација Орашац В Група, Шупљи Камен и Млин Јагупка.