Санкционирани 193 возачи во земјава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи санкционираше 193 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, пет возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 68 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)