Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.