Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во 18:30 часот , 66- годишна жена од Куманово пријавила дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзините внуци. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
На 05.07.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 43-годишен кумановец бидејќи агресивно се однесувал и се заканувал кон неговата сопруга и син. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.