СДСМ: Да ставиме крај на насилството врз жените!

„Насилството не е начин на комуникација со жената, насилството не е начин на покажување моќ и доминација во семејството, напротив насилството е израз, крик на немоќ и неспособност некои луѓе да ја разберат жената како жена и да и дозволат да ги ужива човековите права“, вели координаторката на Форумот на жени на СДСМ Куманово, Соња Тодоровска по повод глобалната кампања „16 денови активизам во борба против насилството врз жените и девојчињата“. Тодоровска говорејќи за бројката на жртвите на насилство на светско ниво посочува дека и Македонија како држава се вклучува во статистиката според која секоја трета жена е жртва на некаков вид насилство, а секоја десетта на сексуално насилство.

Форумот на жени на СДСМ , Куманово синоќа одржа и онлајн трибина под мотото: „Молкот НЕ е решение, не си сама, охрабри се и пријави насилство” . Според Тодоровска, на трибината сите говорници дале безрезервна поддршка во борбата против родово базирано насилство и заштита на жените жртви од секаков вид насилство.

„Да размислуваме портокалово во наредните 365 дена и секој од нас да даде свој максимален придонес во менување на однесувањето и рушење на стереотипите кон жените и девојчињата“, вели координаторката.

Освен Предлог -законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, благодарение на Владата oтворени се шелтер центри за згрижување на жртви од семејно насилство, ратификувана е Истанбулската конвенција, изработен е Акциски план за спроведување на обврските од Истанбулската конвенција, потенцира Тодоровска.

Инаку, денеска во знак на охрабрување на жените да го пријават насилникот , членките на Форумот на жени на СДСМ делеа заштитни маски со мотото на кампањата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)