СДСМ: Со најновиот ковид пакет опфатена е и културата

„Со најновиот ковид пакет се опфатени повеќе субјекти меѓу кои би ги издвоиле како најпогодени луѓето од културата и самостојните уметници кои што се институционално невработени, а спаѓаат во дејноста култура“, рече на денешната прес-конференција Милена Строимановска од општинската организација на СДСМ Куманово. Ова е показател дека Владата излезе в пресрет на барањата и иницијативите на погодените од кризата и донесе дополнителен сет мерки во вкупен износ од околу 8 милиони евра, велат од СДСМ.

-Средствата ќе бидат наменети за естрадните уметници (околу 731) со финансиска помош во износ на две бруто минимални плати ( 21.776 денари), 40 здруженија од Асоцијацијата на танвоци здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение, финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата  од 7.380.000 денари, финансиска помош за 12 дизајнерски атељеа за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари, скалеста исплата на финансиска помош на самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од три месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објевен повик од министерството за култура, рече Милена Строимановска, ОО на СДСМ Куманово

Според Строимановска, оваа помош е добредојдена, а во зависност од понатамошната состојба ќе се предвидат и дополнителни средства.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)