Село Пчиња ќе добие спортско игралиште

Се гради спортско игралиште во кумановското село Пчиња, информираат од Општина Куманово. Екипите во моментов ја поставуваат оградата на теренот, наменет за новото мултиспортско игралиште.

Изградбата на асфалтната подлога заврши, а според надлежните од одделението за комунални дејности ќе биде поставена тартан подлога, голови и кошеви.

Ова е едно од петте игралишта кои општината ги гради во Куманово и руралните средини во изминатиов период. Освен во Пчиња, се гради во Клечовце во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, Романовце и во Агино село чија изградба е завршена.

Сите игралишта ќе бидат опремени со соодветни реквизити. Според информациите на надлежните од одделението за јавни набавки за игралиштата од општинскиот буџет одвоени се 14 милиони 813 илјади 980 денари без вклучен данок на додадена вредност.

Коментари

коментар(и)