Корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост, Порака наша денеска симболично на градскиот плоштад го одбележаа 21-ви март, Светскиот ден на Дауновиот синдром. Целата на акцијата е да се подигне свеста за тоа дека има многу луѓе со овој синдром во нашето општество, кои се соочуваат со секојдневни предизвици.
-Тука сме да го одбележиме со нашето присуство, да покажеме дека постои свет на различности кој што е шарен и убав, шаренилото го пренесуваме преку шерени чорапчиња, чадорчиџа, нокти на каков било начин така се одржува во Скопје, така и во другите градови низ светот. Меѓународната светска организација за Даунов синдром има своја тема секоја година така што оваа година темата е дека ние не сме различни од другите и праќаат видеа на таа страница каде што лицата со Даунов синдром сами се снимаат со помош на нивните пријатели и објаснуваат дека нивните потреби не се посебни потреби туку дека имаат исти потреби како останатите-посочи Мартина Костовска, Порака наша.
Од Порака наша истакнаа дека овие лица како и останатите заслужуваат да живеат без дискриминација врз основа на попреченоста. Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21-март симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) кои се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.