Вчеравечер во Занаетчискиот дом градоначалникот Максим Димитриевски го отвори семинарот “Online настава по предметот ФЗО/ССА”, во организација на Здружението на спортски педагози, Општинскиот сојуз на училишен спорт и Општинскиот сојуз на спортови-Куманово. Димитриевски го истакна своето жалење поради фактот што се повеќе меѓу младите се забележуваат деформитети на ‘рбетниот столб од прекумерното седење пред компјутерите и рече дека се надева оти вложувањата во спортска инфраструктура ќе дадат подобри резултати во спортските активности на кумановската младина.
Во продолжение проследете ги изјавите