Се подготвуваат протоколите за физичко присуство во училиштата

Министерството за здравство и МОН веќе се во подготовка на безбедносните протоколи за стартот на учебната година во септември. Како што рече министерот Венко Филипче, тимовите се составени од претставници од Министерството за образование и епидемиолози од Комисијата за заштита од заразни болести.

„Се однесува на тоа, децата да се присутни 100%, вкупната бројка на деца во класовите, така се прават протоколите. Има мерки за дезинфекција, мерки за влез-излез, немешање на различни класови. Ми се чини дека за не повеќе од две недели протоколите ќе бидат целосно завршени“, рече Филипче.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)