Скопје, Куманово и Охрид – рекордери по број на заболени

Вкупната бројка на пациенти со корона вирусот кои се лекуваат во болниците во земјава е 1.577 и има околу 260 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 74 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 666 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во Скопје утрово имало 80 слободни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 912 пациенти. Куманово 147, Охрид 100, Прилеп 116 – само се дел од новите податоци за состојбата со корона вирусот во земјава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)