Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19 од десет дена да се намали на седум дена.
Оваа одлука не е конечна, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.
На состанокот на Комисијата, не се зборувало за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година. За овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци.
Препораката на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.