Советниците утре ќе го прашуваат градоначалникот, седницата во живо на ТВ Плус

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата осма седница на чиј дневен ред ќе се најде една единствена точка – советнички прашања.

Право на по две прашања ќе има секој член на Советот и истите ќе може да ги упати до градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски или до раководителите на општинските сектори.

Пракса на Советот на Општина Куманово е ваква седница да се одржува еднаш во неколку месеци.

Седницата ќе започне во 10 часот  а ќе можете да ја следите во живо на ТВ Плус.

Коментари

коментар(и)