Утре ќе продолжи седумнаесеттата седница на Советот на Општина Куманово, која, според претседателката Ивана Ѓорѓиевска претходно беше прекината поради немање кворум за работа.
„После дадената пауза од пет минути голем број од советници не се вратија на седницата и најавија отсуство и покрај тоа што координаторите на советничките групи беа на координација за седумнаесеттата седница на Советот и не најавија отсуство на нивни советници од седницата. Согласно Деловникот ја прекинав седницата и најавив дека продолжението на истата дополнително ќе биде закажано“, информираше Ѓорѓиевска, по прекинот на седницата.
Седницата на 31 август годинава беше прекината во моментот кога требаше да се гласа за годишните програми за работа на основните и средните училишта во Куманово. Останатите точки се однесуваат на извештаи за работа, финансиско работење и годишни планови за вработување во 2027 година во јавните претпријатија, предлог – одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година, предлог – одлука за изменување на Одлуката за зголемување на основната главнина на jавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, како и предлог – одлука за давање согласност на предлог – годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2027 година.
Директен пренос од седницата која започнува во 10 часот може да се следи на програмата на ТВ Плус.