Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерите, општинската организација на Црвен крст Куманово организираше настан под мотото „Солидарност преку волонтирање” на кој присуствуваа волонтери и членови од организацијата. Благодарност до сите волонтери изразија претседателот и секретарот на ООЦК Куманово за нивниот несебичен придонес и поддршка во реализирање на многубројни активности и продонес во заедницата и притоа им беа доделени благодарници на најистакнатите волонтери.