Сосема нов лик ќе добие Спомен Костурница

Амфитеатар, спортски терени и трим патеки веќе се градат на Спомен Костурница, во рамките на проектот за обнова на овој историски комплекс.

– Активно се работи на уредување на комплексот Спомен Костурница со изградба на веќе споменатите амфитеатар, три нови спортски терени и трим патеки, поставување на опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување и дополнително озеленување со нови садници, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.

Овој проект се реализира во рамки на прекуграничната соработка со Општина Гњилане.

Ќе продолжиме да ги зголемуваме спортските капацитети, вели Димитриевски, и дополнително да создаваме поголеми можности за нашите граѓани да се рекреираат и да спортуваат.

Целта е проектот да се реализира и заврши целосно заклучно до мај.

Коментари

коментар(и)