Над 33 милиони денари е очекуваниот фонд за седумка за 43-тото коло на Лото7 и џокер комбинации. Љубителите на игрите на среќа кои што се уште не го уплатиле своето ливче, тоа можат да го сторат најдоцна до 19 часот пред почетокот на извлекувањето на броевите.
Освен Лото7 и Џокер, големи парични награди ве очекуваат и со купување на инстант лозовите Калинка и Златка треска.
-Фондот за добивка за седумка изнесува 33.575.000 денари, изјави Мартина Марковска од Државна лотарија, продажно место Куманово
Во чест на 15 години инстант лотарија, Државна лотарија потсетува на инстант лозот Калинка, пласиран во 2010 година, што беше прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија. Оттогаш досега пласирани се над 50 нови серии инстант лозови со различни игри, премии, имиња, концепти… А најважно од сѐ со богатство од среќни приказни на бројни добитници на премии и на поголеми добивки ширум нашата земја.