Со проекти до модернизација на техничкото училиште

Партерно уредување, реконструкција на парно греењето во работилницата, санација на прозорците и на машинските кабинети се проектите што периодов успешно се реализираат во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Според директорот на училиштето Драган Јаневски, поголемиот дел од активностите за уредување на просторот околу новоизградената спортска сала и околу работилницата се завршени.

-Тука спаѓаат стазите изработени од бекатон плочи и асфалтирање на просторот околу работилницата и околу спортската сала и паркинг просторот што е во склоп на нашето училиште до атлетската стаза и до нашиот главен влез. Поголем дел од тие активности се завршени, остануваат уште неколку стази околу игралиштата и околу школскиот двор. Вториот проект е уредување на стазите на игралиштата. Станува збор за ракометното игралиште и кошаркарските игралишта, тие се завршени, ставена е гума, наместена е опрема, останува уште монтажа на трибините и тоа се очекува да биде оваа недела, изјави Драган Јаневски, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“

Во тек е и замена на старата столарија со нови енергетско ефикасни прозорци. „Целосно се сменети прозорците на приземјето, останува уште на првиот, вториот кат и во работилницата“ , посочуваат надлежните.

-Третиот проект е реконструкција на парно греењето во работилницата. Тоа е проект одамна очекуван бидејќи просторот се загрева на дрва и на струја, одамна беше очекувано да се направи тој проект за да се стави парно греење во тој простор. Се надевам дека наредната година во координација со Општина Куманово како што е најавено дека ќе пристигне енергенсот гас во нашето училиште и оваа работилница ќе биде приклучена како и новата спортска сала и просторот на главната училишна зграда. Тоа е простор од над 1000 квадратни метри каде што посетуваат настава и учениците со настава на македонски наставен јазик и учениците на албански наставен јазик. Последниот, наш проект е „Санација на машинскиот кабинет во просториите на ЗИК “ . Кабинетот е реновиран, станува збор за подрумски простории каде што немаше ни доволно осветлување ни доволно пристап на материјалот кој што го внесуваме во таа работилница така што тој простор е саниран. Во оваа, нашата зграда станува збор за предградување на едни кабинети машински кои што ги адаптираме во сегашните услови, а не во условите кои што биле пред дваесетина години. И уште еден потпорен ѕид каде што планираме да бидат поставени котлите на гас , изјави Јаневски.

За разлика од проектот „Санација на машински кабинет“ кој целосно е финансиран од техничкото училиште, претходните четири проекти „Наце Буѓони“  ги реализира во соработка со Општина Куманово.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)