Спроведено е тестирање на Училишните сообраќајни единици

Со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, спроведено е тестирање на Училишните Сообраќајни Единици од основните училишта: О.О.У. „Толи Зордумис“, О.О.У. „Бајрам Шабани“, О.О.У. „Наим Фрашери“ и  О.О.У. „Кочо Рацин“ за генерација 2020/2021. По спроведувањето на тестирањето во 10 основни училишта, следува Финален натпревар помеѓу најдобрите првопласирани ученици од Училишните Сообраќајни Единици од училиштата, објавија на фејсбук страната од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот – Куманово. Инаку, тие во моментов ја спороведуваат и кампањата „Стави појас“ во која се вклучија полициски службеници, наставници, јавни личности, како и ЖРК Куманово.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)