Триесет и петгодишен државјанин на Србија баран од Интерпол вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.
Вчера во 18.15 часот на граничниот премин Табановце, од слобода бил лишен М.Г.(35 години) од Република Србија, затоа што при извршената проверка било констатирано дека бил на стоп листа на Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.