(ВИДЕО) Стошевски: Куманово со СДСМ нема перспектива!

Зошто локалната власт предводена од Максим Димитриевски не отпочна со реализација на ветениот капитален проект, изградба на цевководот Куманово – Липково?- праша Сашо Стошевски од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Според Стошевски, системот поставен кон крајот на 60-те години на XX век, одамна не може квалитетно и во целост да ги задоволи потребите за вода на граѓаните на општина Куманово.

-Со најавениот проект предвидуваа ново зафаќање на водите околу езерото Глажња и изградба на нов доводен цевковод во должина од 18,4 километри со дијаметар Ф 609,9 ММ што ќе обезбеди сигурен доток до филтер-станицата во Куманово од дополнителни 500 л/сек, со што во подолг временски период ќе бидат задоволени потребите за вода на граѓаните на Куманово. Преку реализација на овој проект ќе се намали непотребната загуба на вода,  со што системот за дотур на вода би бил економски одржлив , а воедно ќе се зголеми дотурот и ќе се подобри квалитетот на водата за пиење. Како што можеме да видиме, и после четири години локалната власт сеуште Максим Димитриевски  го нема отпочнато овој капитален проект. Како и останатите други ветувања за капитални инвестиции и оваа остана само празно слово на хартија, уште една предизборна лага на СДСМ со цел манипулација со граѓаните на општина Куманово.Оттука би сакале да прашаме:

-Зошто локалната власт предводена од Максим Димитриевски не отпочна со реализација на овој проект? Што правеше градоначалникот и владејачката СДСМ последните четири години во Куманово? Очигледно ништо, исто како и цели 30 години, апсолутна власт во Куманово.Ниту еден капитален проект не е завршен. Триесет години СДСМ преку своите градоначалници врши брутална експлоатација на општинските капацитети за партиски и лични потреби. Оваа година исклучително  ќе биде важно , сите заедно да ставиме крај на триесетгодишното пропаѓање на општината. Останаа уште неколку месеци од денот кога, Куманово ќе може конечно да се ослободи од корумпираните и криминални стеги на локалните шерифи од СДСМ, рече Стошевски.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ посочуваат дека општината нема да може да издржи уште еден градоначалник кој што ќе се однесува без никаква одговорност и разбирање за проблемите на граѓаните.

„Многу пати до сега се уверивме дека Куманово со СДСМ, нема перспектива“ , потенцира Стошевски.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)