Демант на градоначалникот Димитриевски за прес конференција на ВМРО ДПМНЕ

Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ се празни, неиздржани и невистинити. Во Куманово се инвестира и гради подземна и надземна патна инфраструктура, партерно уредување, нови излетнички места, зелени површини, се реконструираат постоечки спортски капацитети, се градат нови училишни спортски сали и игралишта, стои во демантот од градоначалникот Максим Димитриевски, на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се вложува во водоснабдувањето со инсталирање на најсовремена опрема  и СКАДА систем на паметно управување во водоснабдувањето, промена на електронски броила и реконструкција на постоечка водоводна мрежа. Во моментов Куманово нема проблем со водоснабдувањето. Вистината покажува дека Куманово има проблем со водоснабдувањето единствено кога државата ја менаџира ВМРО ДПМНЕ. Поради фактот што вештачки и свесно создава криза во водоснабдувањето на градот, со свесно намалување на проток на сирова вода од браната Липково до фабриката за прочистување и производство на вода -Филтер станица, единствено со цел да им се закани и одмазди на Кумановчани поради нивниот искажан непокор кон тогашната власт. Сето тоа во многу моменти наликуваше на 2001 година и кај сите нас генерираше немили сеќавања. Денеска Куманово повеќе нема такви проблеми, бидејќи ВМРО ДПМНЕ не управува со хидроакумулациите и веруваме дека така ќе биде и во иднина. Точно е дека перспективно треба и градот размислува за изградба на нови капацитети за водоснабдување и тоа со долгорочни проекти, кои се базираат на долгорочен период на имплементација од осум години. Ваквите обвинувања на ВМРО ДПМНЕ се само празен обид во периодот на предизборие, за да ја затскријат реалната слика дека Куманово се гради и развива со реализирање на голем број проекти во градот, но и во селата, да се скрие реалната слика дека денеска Куманово е општина без долгови и една од ретките во државата, која финансиски се има деблокирано и е своја на своето со годишни развојни програми, кои го унапредуваат нивото на комунален живот во градот“-завршува во демантот.

Коментари

коментар(и)