Без бесплатен јавен градски превоз во Скопје се студентите од приватните факултети. Студентските лидери, меѓу кои и претседателката на студентското собрание при ФОН, Мила Петрушевска, информираше дека за проблемот и дискриминацијата со која што се соочуваат, ги известиле надлежните институции, но засега наишле само на молк.
-Ние го немаме тоа право, бидејќи се водат по тоа дека јавни универзитети ќе имаат јавен превоз, и приватни факултети приватен превоз обезбедено. Што апсолутно не е така. Тука имаме кршење на темелните вредности на Уставот, каде што се гарантира еднаквоста и се забранува дискриминацијата. Тука имаме дискриминација врз основа на статус, образовниот статус. Јас како студент на правниот факултет на ФОН имам право да аплицирам за студентски оброк, стипендија која се доделува од МОН, можеме да бидеме сместени во државните студентски домови исто така, но немам право да користам бесплатен јавен превоз како што користат студентите од државните факултети, првенствено не е логично, да не зборуваме за право, не мора да бидеме некои експерти во толкување туку да појдеме од логична страна, зошто сето ова ми е дозволено, а практично правото тука ми е суспендирано-вели таа.