Тече образовниот процес на основците во гимназијата

Согласно со Одлуката на Советот на Општина Куманово за давање согласност за времена реализација на воспитно-образовниот процес за дел од учениците од ОУ „Браќа Миладиновци” и „Крсте Мисирков” во училишни простории на гимназијата „Гоце Делчев”, претседателката и членови на Советот на општината извршија посета на ова училиште. Во целосно реконструираниот дел на гимназијата, тие се уверија дека треттоодделенците, кои времено ќе учат во „Гоце Делчев”, ги имаат сите потребни услови за непречено одвивање на образовниот процес, што како што велат надлежните претставуваше единствена опција за успешен старт на новата учебна година.

Коментари

коментар(и)