Тече реконструкцијата на училиштето „Киро Бурназ“

Тече реконструкцијата на поранешниот интернат и работилниците во средното државно училиште „Киро Бурназ“. Од училиштето информираат дека градежните активности се почнати, а по распуштањето на учениците, ќе почне реконструкцијата на главниот објкет, односно училишната зграда.

Средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука, откако претходно „Киро Бурназ“ од општинско премина во државно училиште и Регионален центар за стручно образование и обука.

-Реконструкцијата се одвива согласно предвидениот рок. Првин почна во објектот, поранешен интернат и работилниците кои се наоѓаат во него. Освен објектите партерно ќе биде уреден и просторот, ќе има клупи, места за седење, паркинг. По завршување на учебната година ќе се уредува централната зграда, изјави директорката на училиштето, Весна Трајковска.

 

Коментари

коментар(и)