ТППЕ Куманово: Не палете оган на отворено, стрништа и ѓубре

Територијалната противпожарна единица Куманово денеска упати апел до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, стрништа и ѓубре.

Температурите во наредните денови ќе надминат и над 40 степени целзиусови, a активирано е и портокалово ниво на опасност. Тоа носи и опасност од пожари.

Од Територијалната противпожарна единица апелираат до граѓаните – доколку забележат пожар да се јават на броевите 112 (Центар за управување со кризи) или 193 (Територијална противпожарна единица).