Трета форумска сесија на Центарот за развој на СИПР

Учесниците на третата форумска сесија во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ денеска имаа можност да гласаат и да ги рангираат петте предлог- проекти според тоа колку е приоритетна нивната реализација за подобрување на животот на граѓаните од пошироката заедница и регионот. Предлог -проектите произлегоа од претходните форумски сесии на кои што беа дискутирани проблемите кои ги засегаат жителите на регионот и беа понудени решенија. Регионалните форуми ги организира Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

– Проектот  кој што ќе биде избран т.е ќе бидат изберени приоритетни три проекти од моменталните пет предлог -идеи кои што се предложени на првите две форумски сесии. Ќе бидат изберени на начин што секоја маса ќе има право да приотизира по редослед  5,4,3, 2,1 , од сите маси,  поените штом ќе се соберат тогаш ќе се направи конечна ранг листа на првите три проекти кои што ќе бидат пратени на комисијата која ќе биде составена од министерство за локална самоуправа, Швајцарската амбасада, проектната канцеларија и Владата на РСМ. По разгледување на комисијата ќе се донесе конечна одлука кој е најприоритетен проект регионален за СИПР, а  во текот на месец април се очекува да се потпише договор и да започне реализацијата која што треба да заврши до ноемри 2020 година, изјави Владимир Павловски, Центар за Североисточен плански регион.

Три од предлог проектите се однесуваат на институции во Куманово, а по еден предлог проект е за општините Крива Паланка и Кратово.

-Првиот предлог-пшроект е Ученички дом „Професор Мијалковиќ“  –Реконструкција и адаптација за лица со посебни потреби, Социјална инклузија на деца од ранливи категории, предлог проект на Гимназија „Гоце Делчев“-  Поставување на пристапни рампи и лифт за ученици кои што имаат потреба од таква опрема, предлог на Општина Крива Паланка, во село Жиглигово – Реконструкција на Задружен дом за сместување на социјално загрозени семејства , предлог-проект  на Дом за стари лица Куманово -Реконструкција на старскиот дом и сместување на поголем капацитет на лица и Занаетчиски ценатр на регионот, предлог на Општина Кратово

Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој го финансира Швајцарската амбасада за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа во сооднос 51 процент наспроти 49, а издвоени се околу  166.000 евра во швајцарски франци, посочуваат од Центарот за развој на Североисточен плански регион.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)