По повод Денот на независноста на Македонија, утре Општина Куманово ќе организира пригодно одбележување на празникот на малиот плоштад, со почеток во 10 часот.
„Во рамките на свечената програма, во знак на почит и благодарност кон сите кои придонеле за слобода и независност на нашата држава, ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот „Жена борец“. Предвидена е и кратка културно-уметничка програма со пригодни содржини, посветени на одбележувањето 35 години од независноста на Македонија“, соопштија од Општина Куманово.
Инаку, Денот на независноста на Македонија — државен празник е неработен ден за сите граѓани.