Кумановскиот театар вчеравечер традиционално ја затвори фестивалската програма со премиерата „Како што сакате“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Претставата на Театар Куманово дефинитивно ги освои симпатиите на жири -комисијата и освои три награди на фестивалот.
Жирито на МТФ во состав од претседателот, Александар Ивановски и членовите Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски за најдобра претстава ја прогласија „Пар – распар“ на Театар Комедија, Скопје, наградата за најдобар режисер ја доби Куштрим Бектеши за „Итроштините на Патук“ во изведба на Тетовскиот театар. Фаик Мефаиловски од Велешкиот театар ја доби наградата за најдобра главна машка улога, за најдобра споредна машка улога е прогласен Марко Трајковиќ за изведбата во „Како што сакате“ на Театар Куманово. Најдобра главна женска улога ќе и биде врачена на Марија Минчева Андонов за изведбата во „Женидба“ на Штипскиот театар, најдобра споредна женска улога, Марија Новак во „Секс, лаги и љубомора“ на Театар Охрид.
Кумановскиот театар ги доби наградите за најдобра костимографија на Лидија Георгиева и за најдобра сценографија, Марија Ветерова.
