Три патнички возила вршеле меѓународен превоз, без поседување соодветна документација

Полициски службеницио од граничен премин Табановце,  денеска при извршена дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници, и тоа патничко возило „пежо боксер“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Т.Г.(22 години) од Ново Село, патничко возило „пежо боксер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43 години) од Струмица и патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44 години) од Штип, било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информира МВР.

Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделение за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски за расчистување и санкционирање на случаите.

Коментари

коментар(и)