Тушевски: Со обединето членство да ја вратиме довербата

Новиот претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, Александар Тушевски најави дека ќе се залага за враќање на довербата на граѓаните и обединување на членството.

-Ветувам дека со моите идеи, програмата, решенијата и енергија ќе придонесам за доброто на Куманово и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За ова да го постигнам ќе треба многу работа и труд, како и одговорност. Мојот приоритет се граѓаните и нивниот квалитетен живот-напиша Тушевски, изразувајќи благодарност до централното раководство и претседателот на партијата, за укажаната доверба.

Коментари

коментар(и)