Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (42 години) од Куманово. На улицата „Србо Томовиќ“ бил затекнат при обид да одземе предмети од патничко моторно возило. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, пренесува полицијата.