Во Куманово ќе се одржи традиционална улична трка за учениците од основните и средните училишта, поделени во неколку возрасни категории по повод Денот на ослободувањето на градот- 11 Ноември. Трката е закажана за 10 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 12 часот. Собирањето на учесниците е предвидено за 11:30 часот, на релацијата Плоштад – Занаетчиски дом.
Најдобрите тројца натпреварувачи во секоја категорија ќе бидат наградени со медали, дипломи и маици.
Организатор на настанот е Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Советот на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски.
Фото: архива