Бесплатен влез во музеите, галериите и културните установи е дел од програмата на Владата за одбележување на Денот на независноста – 8 Септември.
Граѓаните од 11 часот ќе можат да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово.